(ФОТО) Најзелениот град на светот
Објавено во: Стил 11 Јуни, 2014 17:27
Холандскиот град Ал Мереу наскоро би можел да стане најзелениот град на светот...
Имено, во Ал Мереу секои 10 години се одржува една од најголемите изложби на цвеќе Флориада, а за следната изложба се планира целосна преобразба на градот, темелена врз принципи на одржливост и екологија.
Освен изложбените дела ќе се изградат и хотели, канцеларии, домови и универзитети, а како предградје на Амстердам, Ал Мереу очекува забрзан пораст на жители во следната деценија. Во склоп на овој проект ќе бидат изградени 60.000 нови домови.
Идниот универзитет е замислен како голем вертикален двор во кој ќе владее посебен еко систем, а секоја училница ќе има посебни климатски услови, погодни за одгледување на различни билни врсти.
Освен создавањето на здрави и зелени околини за новите и стари жители на Ал Мереу, градот исто така би требало самостојно да ги задоволи потребите за храна и енергија.
Самоодржливоста на Ал Мереу ќе дејствува како пример за соживот на луѓето и светот на флората и фауната. Проектот го води архитектонското студио MVRDV, а седмата Floriade ќе се одржи во 2022 година.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:










