18 Мај, 2024
0.0256

(ФОТО) Неколку начини како да го освежите вашиот двор

Објавено во: Стил 12 Јуни, 2014

Добивај вести на Viber

Можеме само да замислиме како е убаво да се има двор каде ќе можете да ги поминувате часовите и да уживате во прекрасната природа и убаво време...

Но едноставно да имате двор не е доволно. Исто така мора да вложите напор и да го направите пријатен простор за одмор на отворено, а ние имаме неколку сјајни идеи за вас.

За почеток можете да направите нешто едноставно. Само изнесете столица или две надвор, и позиционирајте ги на начин кој ви овозможува да и се восхитувате на убавата природа. Ако вашиот двор нема поглед тогаш можете да импровизирате. Може да имате убаво дрво во кое можете да гледате додека се опуштате.

Да имате двор е одлична работа затоа што можете да го поминете времето надвор и да бидете опкружени со природа. Тоа е причината зошто треба да ги користите природните материјали кога го дизајнирате пејзажот и декорот на вашиот двор.

Зарем не би било убаво да излезете надвор, седнете на удобна столица и ги слушате птиците како пеат? Ако тоа е она што го сакате, треба да пронајдете начин да ги намамите птиците во вашата градина. Направете куќички за птици и поставете ги стратешки.

Зен пристапот ќе го претвори вашиот двор во опуштен и хипнотирачки простор. Дворското ѕвонче е идеално а таков амбиент. Можете и сами да направите ѕвоничиња од школки или каменчиња. Земете парче дрво и направете мали дупки во него. Зацврстете ги шоколките кои ги закачивте на конецот.

Секако, не заборавајте на убавите цвеќиња кои во целост ќе го трансформираат вашиот двор во магично место. Иако летото е полно со јаки и живи бои, препорачуваме користење на нежни бои. Премногу бои можат да ги заморат очите.

Езерце и водени елементи секогаш ќе направат градината или дворот да изгледаат неверојатно. Не мора да претерувате со оваа идеја. Мал рибник или езерце не е тешко да се направи.

Лулашките носат многу забава и не се само за деца. Тие исто така можат лесно да се направат. Меѓутоа, обратете внимание на секој детал и уверете се дека е безбедна за користење. Лулашка закачена на дрво е една од оние едноставни работи кои сите ги сакаат, бидејќи сите имаме убави спомени од детството поврзани со лулашки...