25 Мај, 2024
0.0254

(ФОТО) Неочекуваните убавини на Јапонија

Објавено во: Стил 15 Јуни, 2014

Добивај вести на Viber

Иако убавината на Јапонија  претежно се поврзува со црешите и вкусните суши, земјата има многу повеќе да понуди.

Ви ги претставуваме помалку познатите причини поради кои Јапонија е атрактивна дестинација.

Веднаш на плажа

Зуши и Еношима плажите се на околу саат време возење од Токио. Ако имате повеќе време, отидете до Ниџи островот прекриен со бел песок, до кој ви се потребни околу три часа пловидба.

Плажата е популарна меѓу сурферите и има многу пансиони во кои можете да изнајмите велосипеди.

За да се оддалечите максимално од вообичаените слики на Јапонија, појдете во субтропските острови Јаејама кои се близу до Тајван.

Еден од нив, Такетоми, е населен од околу 400 луѓе, но затоа нуди многу природни убавини.

Скара во природа

Во густо населените градови на Јапонија, локалното население оди во градските паркови, кога посакаат забава во природа.

Журките се толерираат, под услов секој да го исчисти нередот позади себе. Јојоги паркот во Шибуји и Уено паркот, и двата во Токио, популарни се помеѓу населението, затоа што се наоѓаат на бреговите на реката Тамагва.

Спијте во уметничка инсталација

Дого Онсен на Шикока островот е најстариот термален извор во Јапонија кој беше инспирација за Оскар на наградениот цртан филм „Spirited Away“

Древниот јавен тоалет на три ката го сака дури и царското семејство, а наскоро ќе го прослави 120-от роденден и тоа со модерен фестивал.

Имнео, уметникот Фуџико Накаја ќе направи инсталации во главниот дел на спа центарот. Девет хотели исто така сакаат да учествуваат и веќе ангажирале уметници да ги трансформираат нивните соби и апартмани.

Рокенролот не е мртов

Рок фестивалот на планината Фуџи е основан од 1997 година а оваа година ќе се одржи помеѓу 25 и 27 јуни.

Другиот фестивал Summer Sonic, се одржува на 16 и 17 август истовремено во Токио и Осаки, позната како Ливерпул на Јапонците.

Гостите ќе ги забавува Metronomy и Arctic Monkeys.

Истражете ја Јапонија на два велосипеди

Во Токио влажноста на воздухот е многу висока, што може да ви смета доколку се забавувате со физички активности. Затоа зацртајте си реални цели кога станува збор за прошетка низ градот со велосипед.

Одличен избор е Шов Кинен Коен меморијалниот парк кој има 14 км велисипеска патека, но и забавни активности за деца.

Инаку, во Јапонија е можно многу поволно да изнајмите велосипед и тоа преку интернет или во специјализирани продавници како што е MUJI.

Пробајте јагула, летниот деликатес

29 Јули  (ushi-no-hi) е ден кога во Јапонија се јаде јагула (unagi). Луѓето имено, долго веруваат дека тој ден треба да се јадат јадења чии имиња започнуваат на буквата „у“.

Сега пак, веруваат дека јагулата треба да се јаде против замор, кој се поврзува со летните горештини.

Градот Ханамнацу на два часа возење од Токио, има длабоко езеро преполно со јагули.

Може да седнете во традиционалната јапонска гостилница Кај Енсу која се наоѓа на брегот на Намана и е специјализирана за јадења од јагула.

 Интересно е што таму можете да пробате и сладолед од јагула.

Разгалете ги стапалата

После неколку дена кои ги поминавте „на нозе“, вашите стапала заслужуваат малку нега. Патувајте низ планиската Јамагата перфектура и уживајте во спа негата на стапалата, која се нуди во самите прегради.

Ако ви изгледа премногу чудно тоа, треба да знаете дека East Japan Railway создава вистински вагони за разгледување на пределите со два метри високите тоалети покрај високите прозори, кои можат да ги користат четири лица истовремено.

Услугата ќе биде достапна од јули и е дел од кампањата која би требало да го промовира туризмот на овој регион.

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“