(ФОТО) Невреме со град го зафати Делчево
Објавено во: Македонија 11 Август, 2021
Невреме проследено со град го зафати градот Делчево. Невремето траело 20-тина минути. Во градот уште врне и грми. И метеорологот Славчо Попоски денеска најави дека локално ќе има невреме.
По високите температури, во земјава следи мало разладување и локални врнежи од дожд. Деновиве имаме температури и до 41 степен.