(ФОТО) Новогодишен дочек во Лас Вегас – како изледа?!
Објавено во: Стил 05 Декември, 2014
Нова година наскоро ни пристига а ако се’ уште сте неодлучни каде да ја дочекате оваа незаборавна ноќ, ние можеме да ви помогнеме. Кога е во прашање Новогодишната ноќ, многумина се одлучуваат за Европа (Италија, Франција, Холандија ...), а ние ви го претставуваме најбогатото и најлуксузното место во кое може да ја дочекате Новата Година, а тоа е Лас Вегас.
Лас Вегас е познат и како град на „Коцката“ и тоа е еден од најосветлените и најбогатите градови во Америка. Кога би требало да го опишеме во еден збор, каков е дочекот на Нова Година во Лас Вегас, би можеле само да кажеме: Лудило, секако во позитивна смисла.
Цел град се затвора за сообраќај и станува една огромна журка, на која со своите 300.000 другари може да се забавувате до утринските часови. На полноќ, грандиозните хотели и казина, приредуваат незаборавни пиротехнички програми, така што ќе видите огномет како во животот не сте виделе и сигурно ќе останете без здив. Многу ноќни клубови може да ви понудат незаборавен дочек и исто така доста славни личности настапуваат токму во Лас Вегас така да речиси сигурно е дека ќе видите некоја позната фаца.
Голема атракција на Новогодишната ноќ ќе биде High Roller. Овој џиновски панорамски точак, ќе им овозможи на луѓето да уживаат во огнометот од огромна висина , а на секои 30 минути група луѓе може да се менуваат како сите подеднакво би можеле да уживаат во свечениот спектакл кој го нуди Лас Вегас.
Она што ние би го издвоиле како најлуксузно место за новогодишниот дочек во Лас Вегас е „Top of the World Restaurant“. Овој ресторан ќе ви понуди неверојатно искуство од голема височина. За разлика од панорамскиот точак, во овој ресторан ќе имате вечера од пет оброци кои ќе ги подготви готвачот Рик Гифен.
Ако пак феноменалните оброци во преубав амбинет не ви се доволни овој ресторан нуди едно изненадување. Ресторанот е целосно подвижен и во интервали од 80 минути, прави полн круг околу својата оска така да ќе успеете да го видите секој детал на светло насобраниот Лас Вегас. Ќе напоменеме само дека ако се одлучите, токму овде да ја дочекате „Лудата ноќ“ тоа би ве чинело отприлика 299 долари по лице.