06 Декември, 2025
0.1404

(ФОТО) Нурнете во мирот на норвешките фјордови

Објавено во: Стил 20 Ноември, 2014 20:15

Добивај вести на Viber

Кајакарот Томаш Фурманек го поминува своето слободно време на водите на некои од најубавите фјордови на Норвешка.

Веќе дест години овој програмер на Институтот за океанолошки истражувања ги посетува фјордовите на западот од Норвешка, бидејќи, како што раскажува, така се релаксира и опушта.

„Возам кајак првенствено затоа што е одличен начин за да ја вратите менталната рамнотежа. Штом се доближите до природата во кајакот можете да искусите работи кои не можете да ги почуствувате додека пешачите низ шумата“, вели тој.

Томаш ги документирал своите патувања, благодарение на што го стекнал повеќе од 10.000 следбеници на мрежата Инстаграм.

„Не објавувам приватни фотографии“, вели тој. „Инстаграм ми е повеќе блог за авантури, отколку личен профил“.

„Луѓето кои го следат мојот профил воглавно се заинтересирани за кајак. После три недели возење на Лофотенон, добив околу десет илјади нови следбеници“.

Томаш воглавно корсити кацига со  GoPro3+ камера, за да прави фотографии и снимки, но и  Sony RX 100mk2 во водоотпорната кутија монтирана на кајакот.

Погледнете како изгледаат пределите на кои крстари Томаш.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: