(ФОТО) Организиран Саем на традиционални производи „Домашно е, од Крушево е…“
Објавено во: Мои пари 27 Јули, 2015 14:18
Вчера Асоцијацијата за економско истражување, застапување и донесување економски политики Finance Think Скопје во партнерство со Општина Крушево, го организираше саемот на домашнии, традиционални и еколошки производи од Крушево „Домашно е, од Крушево е...“ во Крушево. Саемот свечено беше отворен во 12 часот од страна на Г-ѓа Валери Колби, одговорна на Секторот за односи со јавност од Амбасадата на САД во Македонија.
На саемот беа презентирани и дегустирани домашни, еколошки и традиционални производи од Крушево (домашни тестенини, еколошки џемови и слатка, сирупи и природни чаеви). Беше промовирано видео за економско јакнење на жените од Крушево и веб платформата www.odkrusevo.mk. Љубителите на кулинарството имаа можност да ги испробаат своите вештини во подготовка на крушевска пита, а останатите љубители на традиционалните вредности уживаа во манифестацијата Крушево Етно град.
Саемот е завршен настан од едногодишниот проект „Зајакнување на жените во Крушево преку мини здружување за продажба и промоција на традиционални производи„ поддржан од Амбасадата на САД во Скопје, чија цел е да се подобри животниот стандард и намали сиромаштијата на жените во Крушево.
Проектот е пилот модел на социјално претприемништво. Во проектот беа вклучени 25 невработени жени или жени со ниски примања. Активностите вклучуваа: јакнење на капацитетите преку обуки за промоција, пакување и продажба; брендирање на производите и обезбедување амбалажа; здружување; воспоставување канали за продажба и промоција на производите.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете







