(ФОТО) Ова е човекот кој го измисли спрејот за слободни удари и станал милионер!
Објавено во: Стил 14 Јули, 2014 18:38
Можеби е разочаран бидејќи неговиот Бразил не ја оствари посакуваната цел, но Хајн Алемањ неминовно 20-тото Светско првенство ќе го памети само по добро.
Бразилецот, имено, го измислил спрејот кој судиите го користат за обележување на слободни удари, а тој патент му донесол милиони.
Некогаш сиромавиот дечко, сега спие на пари, а открива дека на идејата за спрејот наидел на сосема едноставен начин.
„Пред 14 години гледав натпревар. Играчот се подготвуваше да изведе слободен удар а коментаторот рече дека кој кој ќе успее да задржи жив ѕид ќе стане богат човек. И идејата ми дојде случајно. Додека бев во посета на роднини помислив: Замислената линија на која стои ѕидот не мора да биде замислена. Зошто да не ја нацртаат судиите? Влегов во тоалет и видов пена за бричење. И тоа беше тоа, се ми стана јасно.“
Алемањ одраснал во сиромашно детство со пет браќа. Бил толку сиромашен што имале толку малку облека, да само тој што одел на работа би облекол нешто, а останатите биле голи. Сега ги нема тие проблеми, а после Светското првенство ќе стане далку побогат бидејќи УЕФА го прифатила користењето на спрејот на нивните натпревари како што се Лига на шампиони и Лига Европа.
Спрејот прв пат е користен на професионално ниво во 2000 година во шампионатот на Бразил, а оваа година дебитирал и на Светското првенство. Освен УЕФА многу национални сојузи се заинтересирани за користење на спрејот, па не би било необично доколку наскоро го гледаме и на нашите стадиони како судиите цртаат по теренот.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:







