18 Мај, 2024
0.0267

(ФОТО) Пет нови дестинации кои ќе посакате да ги посетите

Објавено во: Стил 11 Јуни, 2014

Добивај вести на Viber

Доколку идејата да ги посетите помалку популарни земји но возбудливи места ви збучи примамливо, тогаш можете да бидете дел од се поголемата група на патници кои се во потрага за необични и неистражени краеви ширум светот, пишува  Hafington Post.

Се повеќе земји во развој ги отвораат своите врати за странски туристи, а се постабилната политичка состојба во многу од нив ги прави идеални за сите оние кои сакаат возбудувања.

Етиопија

Оваа географски разновидна земја во последните години полека завзема место меѓу популарните дестинации за сите они кои бараат одлично сочувани и древни локации. Посетете ја планината Симиен, која се наоѓа на листата културни убавини на Унеско пред да се упатите кон Омо долината како би  посетиле некое од последните номадски племиња во Африка.

Мјанмар

Во прашање е навистина живописна земја која стана популарна, и безбедна, за сите туристи кои ги интересираат локални култури но и широк спектар на бои. Будистички влијанија преовладуваат низ земјата додека монархињите и монасите во шафран облеките ги збогатуваат улиците на бројните градови.

Сиера Леоне

Впуштете се во крстарење на неистражената река Мао, шетајте долж границата со Гвинеја и запознајте ги клановите на брегот на Атлансткиот океан. Сиера Леоне е прекрасна земја со живописни плажи и дождовни шуми полни со живот.

Мозамбик

Недопирнатиот дел од Африка нуди фантастична мешавина на португалска, арапска и афричка култура во земјата која веќе долго време е заобиколена од туристи. Живите градови претставуваат одличен почеток на секоја авантура, а после тоа можете да се насочите кон плажите покриени со бел песок како би ги посетиле морските резервати преполни со живот.

Монголија

Додека државата правеше сериозни вложувања во инфраструктурата околу главниот град Улан Батор, во земјата и понатаму владее богата номадска култура а на располагање ви се и големите неистражени пространства. Планинските врвови преполни со снег, драматични клисури и бројни будистички храмови се само шлагот на тортата наречена Монголија.