(ФОТО) ПИЛОТ КОЈ ПРЕЖИВЕАЛ 11 АВИОНСКИ НЕСРЕЌИ: Јас сум среќник
Објавено во: Свет 08 Април, 2017
Човекот кој себе си се нарекува „Најсреќен пилот на светот“ досега преживеал 11 авионски несреќи додека превезувал илегални копачи на злато над Бразил.
Клингер Борхес до Ваље пораснал во Итаитуби и имал две опции, или да биде копач на злато или да биде пилот кој копачите ќе ги превезува до шумата во Амазонија.
За аеродромот во неговото родно место вели дека е многу опасен.
„Ни самиот не знам колку мои пријатели загинале во авионски несреќи. Имав шест браќа од кои тројца беа пилоти и сите загинаа“ - вели пилотот.
Често морал со авионот да слета на места кои не биле расчистени.
„Било кој друг на мое место досега ќе беше мртов“ - додава тој.
Сега е во пензија и вели дека имал добра плата со која уживал и купувал луксузни автомобили.