Добивај вести на Viber
Парк и улично осветлување ќе добијат Горно и Долно Лисиче, информираше денеска градоначалникот на општина Аеродром, Ивица Коневски.
Според него станува збор за хортикултурно и партерно уредување на дел од местото познато како „Бановина“ во Горно Лисиче во близина на ул. Ѓорѓи Капчев.
Ќе се гради нов зелен парк со вкупна површина од 6 500 квадратни метри, со тревна површина од 2 310 квадратни метри.
Инаку, паркот ќе содржи плочник со клупи и масичка, детско игралиште со нишалки, лизгалка и вртелешка, пешачки патеки, жардинери, летниковец, чешми за пиење вода, канти за отпадоци и клупи.