29 Април, 2024
0.0255

(ФОТО) Прв дел – Пет најлуксузни хотелски апартмани

Објавено во: Стил 25 Ноември, 2014

Добивај вести на Viber

Имате 40.000 долари за трошење? Па, пријавете се за еден од овие десет луксузни хотелски апартмани на една ноќ, и видете како останатата половина (еден процент) живеат.

Постојат хотелски соби, а постојат и луксузни хотелски апартмани, кои ги карактеризираат поголеми кревети, подобар минибар, а можеби и работна маса или нешто слично. Меѓутоа, покрај нив, постојат и овие луксузни хотелски апартмани кои повеќе потсетуваат на скапоцени домови на најбогатиот слој на популацијата, со LED-осветлени купатила, прекриени со парчиња египетски мермер, материјали исплетени од златни влакна со тежина во карати и сл. Во зависност од градот, за 20.000 - 70.000 долари можете да купите многу: приватна плажа, балкони поголеми од некои дворови на имотите во предградските општини, зголемени прозори отпорни на куршуми од под до плафон, личен персонал 24/7, користење на хотелскиот  Rolls Royce автомобил, турски тоалети. сауни, тушеви, луксузни средства за хигиена, кино сали и поглед од 360 степени, за кој фотографите кои прават разгледници би ја продале душата. Сакате да знаете какво е чуството на поминат одмор со најбогатите меѓу богатите? Влезете во некои од овие хотелски апартмани.

10. Поминете ја ноќта во отоманската палата на самиот брег на морето, во Sultan Suite во  Ciragan Palace Kempinski во Истанбул за само 15.000 за ноќ.

Ciragan Palace е поранешна отоманска палата изградена од дрво и мермер во втората половина на 17 век, додека денеска е реставриран и со мермер покриен луксузен хоте. Sultain Suite е директен потсетник на богатата историја, еден од најголемите апартмани во Европа. Позлатениот апартман е опремен со рачно изработено мермерно турско купатило, приватна сауна и тушеви, целосно опремена кујна, гостинска соба со Девон када, декадеентни лустери, историски мебел, фини уметности и уште многу други работи. Услугите на Ciragan се пролагодени со честа ВИП лична посета, а листата на гости често вклучува претставници од плава крв, успени холивудски актери и модни креатори. Овие услуги вклучуваат: личен батлер, чамец и услуга на хеликоптер, голем базен, и неспоредлив поглед кон босфорскиот залив. Се ова е дел од искуството на еден од топ најскапите хотели.

9. Префинет луксуз во Peninsula Suite, The Peninsula Hong Kong хотелот, за 16.500 долари за ноќ

Елегантниот и префинет Peninsula Suite во хотелот со исто име претставува асортиман на фин и подценет луксуз, кој дозволува само преубав поглед преку Victoria Harbour пристаништето да му го зема приматот. Овде нема да најдете го најдете огромното злато, туку внимателно оставено цвеќе, стакло и дрво, модерен а сепак раскошен животен простор, невидливо-унапреден со најнова технологија за да одговара подобро на потребите на високо платените професионалци. Сместен на простор од 4111 квадратни метри, овој пентхаус апартман е амфитеатар со поглед кон пристаниште, приватно кино, соба за конференција, ѕид од  LED touch екран кој ги поврзува гостите со сите хотелскинуслуги и погодности, личен шеф , мермерно купатило со одделена туш кабина и тоалет, када и уште многу друго.

8. Најубав поглед во градот за 18.000 долари за ноќ, во Ritz-Carlton Suite, во Ritz Carlton Moscow хотелот

Високо на кровот на градот, со прозори од под до плафон кои овозможуваат поглед неспоредлив кон Кремљ, Црвениот плоштад, црквата Свети Василиј и црквата Христос Спасителот, се наоѓа апартманот од 2550 квадратни метри Ritz-Carlton Suite, украсен со мебел и декоративни парчиња во руски империјалистички стил. Дневната соба остава доволно простор за голем клавир и простор за ручање, библиотека, бизнис простор и престој за деца, додека спалната соба се одликува со одделно купатило со мермерни кади и посебни туш кабини и приватни сауни.  Ritz-Carlton никогаш не се наоѓа на не-атрактивни локаци, па така и во Москава е пример за совршена локација, покрај Црвениот плоштад и познатиот Кремљ, близу до Бољшој театарот, гостите можат со брзо шетање да стигнат до сите архитектонски знаменитости на Москва. Секако, сите оние кои можат да си дозволат 18.000 за ноќ во еден од хотелите на Ritz клубот, можат сето ова да го видат и со само еден поглед - од прозор.

7. Спијте како султан во возвишено раскошниот Royal Suite, во  Burj Al Arab во Дубаи за само 20.000 долари

Royal Suite во познатиот Дубајски хотел во облик на едно, Burj Al Arab, не изгледа премногу закотвен во било кое време. Возвишениот простор послан со светли нијанси на жолта и златна, осветлен со сонце и светлиот азурен океан, како да изникнал од некоја егзотична бајка. Позлатени украси, бујни завеси, безбројни декоративни свилени перници, се оддава впечаток на кралско безвременско богатство со скапи детали и погодности, како што се сопствен лифт. кино, златен iPad од 24 карати, два iMac, безброен 42 инчен HDTV како и целосен асортиман на луксузни Хермес средства за хигиена. Се ова претставува олицетворение на хипермодерни комоции на услугата, која е определување на хотелот.  За нешто помалку од 20.000 долари ноќевање, гостите добиваат профисионална помош при полирање на обувките, корпи со овошје и многу арапски слатки и грицки, персонализиран бар на катот над и под, вечера во апартман, коктели и предјадења, некои од 200 светски магазини и весници, дневен доручек во кафе ресторанпокрај базен во сопствениот апартман, итн. За оние кои со себе носат сопствена услуга, апартманот исто така нуди одделен престој со влез, како и приватна кујна за батлерот.

6.Royal Suite во Four Seasons Hotel Goerge V во Париз, им нуди на вип гостите увид во луксузот од 19 век за 24.550 долари за ноќ

Навистина е тешко да се најде повисок „лукс“ од  Four Seasons во Париз. Дури и овие зборови звучат како да се извлечени од некоја модерна бајка. Кој никогаш не помислил на тоа да заспие во прекривка од 3 милиони јазли, под небо осветлено од Ајфеловата кула? За 24.550 долари од ноќевање, гостите со афинитети кон богатиот луксуз можат да отседнат во еден од двата Royal Suite апартмани во King George V  хотелот во  Golden Triangle дистриктот.

Престојот опфаќа: приватна тераса која гледа кон Three Graces фонтаната, прубавите умтенички дела од 18 и 19 век кои ги украсуваат ѕидовите, додека поединечен впечаток за убавината оставаат и парчињата на античка уметност. Гостите исто така може да уживаат во раскошните мермерни гоајеа, мермерен камин, целосно опремена кујна, простор за јадење кој собира до 8 гости, како и пространо мермерно купатило на пареа, сауна, валк-ин соба за пресоблекување, посебна гостинска соба за шминка итн. Со сите овие погодности при апартманот, станува тешко да се замисли зошто некој би го напуштил апартманот за да шета низ градот. Меѓутоа, тука, близу, ни два блока оддалеченост, ве повикуваат продавниците на  Chams-Élysées.

5. Bridge Suite apartman во Atlantis Paradise Island, во The Bahamas хотелот е достоен за крал, за 25.000 од ноќ

Atlantis, првиот холидеј ресорт и фантазиланд хотел на Бахамите, нуди голем избор на престој за широк дијапазон од големината на семејниот буџет. Меѓутоа врв на неговите светлечки кули е Bridge Suite апартманот, кој се наоѓа буквално на мостот кој спојува две кули, Ова значи дека секој поглед надвор е заобиколен со балкон од 800 квадратни метри, директно над градот и водата а кон длабокиот хоризонт. Т.е доколку гостите успеат да ја оттргнат својот поглед од раскошните златни детали и извонредни удобности. Дневната соба ја карактеризираат голем клавир, бар како и два ентертеимент центри, кои се влеваат во собата за јадење, во која се наоѓа лустер од 22 карати. Во 25.000 долари ноќевање се влучени персонал од седум батлери и помошници достапни 24/7, одделени мастер спални соби со посебни валк-и тушеви и whirlpool кади, како и многууу друго. Судејќи по Мајкл Џексон Бедром спалната соба, овој апартман од  4.740 м2 дефинитивно дејствува како да е создаден за крал.

... Нема да застанеме овде ...

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти