14 Мај, 2024
0.0249

(ФОТО) Рај на земјата на 30 метри длабочина!

Објавено во: Стил 03 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Доколку некој ве праша колку човекот го дели од рајот , одговорете „30 метри“. Не ви е јасно?

Не грижете се, ќе се уверите наскоро ... Самоа е мала држава во Тихиот океан, но по своите природни богатства и убавини е и тоа како голема, и богата. Ние ве водиме на југоистокот од островот Упола, каде ќе ви ја покажеме една од најголемите убавини на оваа земја, а можеме слободно да кажеме и една од најголемите убавини на светот.

Во близина на селото Лотофага, недалеку од брегот, сместен на две природни езерца, кои се разликуваат од другите по тоа што до нив е потребно да се спуштите низ степеници од 30 метри во внатрешноста на земјата, а тогаш единствено што ви преостанува е да се препуштите на уживањето.

Двете преубави езерца, мештаните ги нарекуваат То Суа. Бајковитите езера го одржуваат воденото ниво со помош на каналот кој настанал со дејствување на вулканската лава. Тиркизно зелената боја на водата го воодушевува секој кој еднаш ќе скокне во овој мал рај на земјата и ве мами да соберете храброст и да се спуштите низ степениците се до платформата, но верувајте дека задоволството ќе биде кога ќе нурнете во преубавата чиста топла вода, а после пливањето, одмор и сонце може да најдете на дрвената платформа над езерото.

То Суа езерата денеска, се составен дел од паркот на оваа преубава земја, кој е отворен за посетителите од цел свет, па ако посакате ова место да го посетите секако сте добродојдени.