14 Мај, 2024
0.0261

(ФОТО) Ремек дело на природата – Планината виножито во Кина

Објавено во: Стил 01 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Zhangye Danxia планинската формација е позната кинеска дестинација која ги привлекува љубопитните погледи на броните туристи...

Многу уметници му се восхитуваат на ова ремек дело на природата, кое изгледа како совршена слика на платно. Атракцијата за која овој пат ви говориме, се простира на површина од 400 км2, во Ганса провинцијата во делот на северна Кина. Се состои од голем број интересни карпи, од кои многу се високи неколку стотици метри. Сите овие карпи се мазна и остри, сместени покрај долина и на величенствени висорамнини. Тие шармираат со својот спектакуларен изглед, при што и пониските врвови изгледаат многу моќно.

Овие шарени планини, природен калеидоскоп како што ги нарекуваат некои, имаат чудни формации кои потсетуваат на чудесни облици на замок, кула, па дури и луѓе, птици и ѕверови. Тие се живописни и многу населени , посебно нивните врвови кои се пробиваат низ маглата и облаците и од кои се пружа поглед каков досега не сте имале прилика да видите. На некои од врвовите е невозможно да се качите бидејќи се многу стрмни, па со тоа луѓето од подножјето им се восхитуваат.

Оваа величенствена формација датира од природата пред шест милиони години. Геолошката структура на Danxia е формирана со ерозија од црвен камен, па така настанале изолирани врвови од сите страни, Геолошката структура во комбинација со временските услови, односно влага, студ, ветер, станала едно од најпознатите чуда на овој дел од светот.

Главните елементи од кои е составена оваа формација се црвен песок, камени и кал. Ова е инаку типична појава за овој вид клима, меѓутоа нејзините слоеви, стрмни врвови и ѕидови и вертикални споеви добиле преубави бои. Научниците веруваат дека топографијата на Danxia е формирана како резултат на поместување на земјината кора. На тој начин, слоевитите карпи се појавуваат во повеќе бои, текстури, облици, величина и шаблони. Комбинацијата на овие разлики во густината и ерозијата високите врвови креирала магични пештери и камени дворци во кои можете да поминете цела вечност.

Формацијата на Danxia има зелена, жолта, плава и многу други бои. За да ги видите на најдобар начин, најдобро е да го посетите ова место или рано наутро или во текот на заоѓање на соцето. Многумина кои го посетиле ова место и забележале впечатоци од своето патување вечат дека е најдобро да се посети во самрак кога боите истовремено и континуирано се менуваат.