(ФОТО) Русин живее сам во напуштено сибирско село: Разговара само со мачка и куче!
Објавено во: Свет 03 Јануари, 2017
Михаил Бабурин (66) е единствениот жител на мало село во срцето на Сибир, Михаиловка.
Тој е роден во напуштено село, а се вратил назад во 2000 година. Шест години подоцна , станал единствениот човек таму. Друштво му прават домашните животни, меѓу кои се неговите миленици, мачката и кучето, како и грло овци.
Бабурин продолжува да се бори со острите руски зими и вели дека го сака својот мирен и осамен живот во тишина. Се грее со печка на дрва, а вода пие од бунар. Слободното време го поминува така што чита.
Последниот жител на Михајловка е поранешен морнар, работник на брод, а работел во воената индустрија во Краснојарск.