14 Мај, 2024
0.0301

(ФОТО) Сакате да избегате од студената зима? Ви нудиме неколку места!

Објавено во: Стил 19 Ноември, 2014

Добивај вести на Viber

Есента е на самиот крај а ладното во воздхот веќе се чуствува...

Доколку не сте љубител на зимата и снегот, еве осум места, совршени за вас и вашиот одмор во текот на празниците. Ова се најдобрите места во кои можете да го продолжите вашето уживање во сонцето, со ладен пијалок и лесна облека. Нема подобро време за посета на многу од овие места, како што сега нема гужва. Без одлагање, погледнете што ви подготвивме...

Нијама Малдиви - овој луксузен ресорт во Малдивите, е опишан како „откачен и забавен“, а доста се разликува во однос на остатокот од понудата на оваа локација. Совршено место за вас доколку сакате да работите уште нешто, покрај излежувањето на плажа.

Гаја Ајланд Ресорт, во Борно е еко-шик ресорт, во Пуала Гаја.. Тој е опкружен со златни песочни плажи, карпести заливи и корални гребени. Оазата на летото, совршена за сите вас кои сте чувствителни на студ.

Оне анд Онли Океан Клаб претставува амбиент на класична колонијална плантажа, опкружена со километри нежни песочни плажи. Луксузен ресорт на Бахамите познат по своите гости кои се припадници на елитата, познати личности и самит џет сет.

Висрои Ангила на Карибите, сместен на 35 хектари бујна земја со големи плажи. Посетителите може да комбинираат уживање во сонцето и релаксација со акција и авантура, како што е нивната понуда навистина разновидна.

За оние кои сакаат парти атмосфера и сонце, Мајами Шор Клаб во Саут Бич е совршена локација. Овој ресорт ви нуди мноху журки, забава, случувања, а веројатно ќе налетате и на некоја позната фаца.

Туртл Инн е вистински рај. Се наоѓа во Белизу, претставува еко-шик сместување со преубави погледи на море. Уживајте во нуркањето, Големиот гребен, или едноставно опуштете се во еден од неколкуте инфинити базени или на некоја од преубавите песочни плажи.

Асиа Гарденс Хотел и Таи спа е уникатен концепт на модерна технологија со моќен изглед на индиски и тајландски палати. Ова место ве префрла во друг свет, во кој мистичната Азија се среќава со сончевиот Медитеран.

Дар Јагуар е средновековна локација, преубаво реставрирана како приватен престој кој одзема здив. Се наоѓа во срецето на старит медини во Маракеш и е близу до реномираниот трговски центар Јема ел Фна. Совршен за долг одмор, како и за викенд посета.