20 Декември, 2025
0.0699

(ФОТО) Се отвори првата ,,Библиотека на плажа” во Дојран

Објавено во: Мои пари 15 Јули, 2015 12:20

Добивај вести на Viber

Денес и официјално се отвори првата ,,Библиотека на плажа”. Пред присутните новинари и посетителите, градоначалникот на Општина Дојран, г-дин Борче Стамов го поздрави овој проект и соопшти дека од денес сите љубители на пишаниот збор ќе може бесплатно и книжевно да уживаат на Градската плажа во Дојран.

dojran 1

,,Чест ми е што денес на Градската плажа во Дојран се отвора Првата Библиотека на плажа. Покрај многуте културни случувања ова лето во Дојран, покрај инвестирањето во плажите и подобрувањето на сместувачките капацитети, ова е само чекор до целта, а тоа е во Дојран секој да ужива и одмора онака како што сака. На ваков начин Општина Дојран допринесува за развојот на културата, зголемување на процентот на читатели и дава една поинаква димензија на одмор и уживање на плажа.- изјави градоначалникот на Општина Дојран, г-дин Борче Стамов.

dojran 2

Многу интересни и познати наслови, хитови за ова лето ќе бидат на полиците на библиотеката. Најчитаната книга за ова лето, ,,Сеќавање на љубовта”,  македонската најпродавана млада авторка Верче Карафилоска и ,,Бездомникот со златен часовник”, како и мегапопуларните ,,Рингишпил”, ,,Шепнувачот”, ,,Кругот на животот”, ,,Полноќна роза”, се само дел од насловите кои ќе можат да се читаат на Градската плажа во Дојран.

dojran 3

По овој проект, Општина Дојран ќе продолжи со плановите и идеите, а тоа е изнајмување на велосипеди, ново брендирање на Општина Дојран и ново туристичко лого, пешачка патека што ги спојува двата Дојрана и богата културно уметничка програма. Сите овие точки се проекти кои во овој период ќе се реализираат.

dojran 4

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии