01 Мај, 2024
0.0245

(ФОТО) Се ожени Новак, за церемонијата плати два ипол милиони евра!

Објавено во: Стил 10 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Новак Ѓоковиќ и неговата вереница Јелена денеска пред матичарот си ги разменија заветите на црногорскиот Свети Стефан, кој поради милионската свадба со денови е под опсада.

Парот се венчаше пред 140 повикани гости кои пристигнаа од разни краеви на светот, а пред денешната церемонија одржана е и „забава за добредојде“ во ресторанот Агора.

Меѓу највеселите секако беа родителите на Новак кои ги предводеше мајката Дијана и помладиот брат Џорџе, кој пристигна во друштво на својата девојка.

Денеска после попладне се одржа и граѓанската церемонија која поради дождот беше одржана неколку часа порано од предвиденото.

После церемонијата, гостите се преселија во градината на Спа центарот на Кралевската плажа, каде започна журката во луксузно опремените шатори. Организаторите потврдија дека столиците само за оваа прилика биле златни.

Ѓоковиќ неодамна, за време на Вимблдон, во Лондон гордо нагласи дека наскоро ќе стане вистински семеен човек, благодарение на доаѓањето на бебето.

Љубовта на Новак и Јелена потекнува уште од средношколските денови и заедно се осум години. Се верија минатата година, а во меѓувреме дознаа дека ќе станат родители.

Младенците ги замолија гостите наместо подароци паричниот подарок да го уплатат во фондацијата на Новак.

Импресивната церемонија, се проценува дека чини 2,5 милиони евра (19 милони куни). Се дознава и дека по еден припадник на приватно обезбедување и полиција е распореден на секој пет метри.

После размената на заветите пред матичарот денеска, црковнната венчавка е предвидена за во сабота, во манастирот Прасквица над Милочер. Со младенците ќе останат само кумовите и најблиските, а останатите гости од Свети Стефан си заминуваат утре.