(ФОТО) Се продава најскапиот стан на светот – вреди ли за тие пари?
Објавено во: Стил
09 Август, 2014 11:27
Добивај вести на Viber
Најскапиот стан по метар квадратен во светот е ставен на продажба. Чини околу 79 милиони евра. Но, не се наоѓа во луксузните квартови на Лондон, Париз или Њујорк, туку во Хонг Конг.
Цената од 79 милиони евра е далеку пониска од најскапиот стан во Велика Британија, кој неодамна беше продаден за 176, 61 милиони евра, но станот во Хонг Конг има и далеку помала квадратура.
Со ова, за него се постигнува цена од 17.000 евра за квадратен метар, што е далеку највисок износ во светот. Но, потесниот животен простор апартманот во Хонг Конг го надоместува со луксуз и спектакуларен поглед.
Имено, тој се наоѓа на ридот Викторија Пик, кој е најпосетувано туристичко место во Хонг Конг и од кое има неверојатен поглед на околината.Освен тоа, апартманот има голема тераса, градина, паркиралиште и приватен базен. Еве како изгледа:
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: