(ФОТО) Села и градови кои засекогаш се изгубиле под вода
Објавено во: Стил 05 Август, 2014 19:24
Скриени длабоко под водата, овие градови засекогаш се напуштени.
Рушевини, меѓутоа привлекуваат туристи.
Безиду Ноу, Романија
Рушевините на малото романско село може да се види како извираат од езерото Беизд, кое е поплавено после поставувањето на браната. Денеска од селото се видливи само темели на црква.
Граун, Јужни Тирол, Италија
Ова некогаш просперитетно село, жртвувано е во средината на 19-от век како би се направило место за новата брана и зголемило производството на електричната енергија потребна за широката област.
Под езерото Решензе сега се наоѓаат 163 куќи и црква од 14 век. Видлива е само кулата.
Маврово, Македонија
Овој град е направен во 1850 а поплавен во 1949 . Од водата до пола се гледа само Црквата свети Никола, која потсетува на многу дамнешни времиња.
Медијано, Шпанија
Шпанскиот град Медијано е поплавен во 1974 година во текот на изградбата на еден од најголемите резервоари во земјата. Од водата се гледа камбаната на Црквата од 16 век, а водата некогаш целосно се повлече па се гледа и целата фасада.
Крохино, Русија
Селото Крохино е евакуирано во 1961 кога голема поплава од реката Шексна го проголтал најголемиот дел од оваа област. Денеска можете да крстарите покрај единствената преостаната мошта на градот-Црквата Раѓање Христово изградена во 1790 година.
Калјазин, Русија
Сталин во 1939 година наредил градот Калјазин да се поплави, за да се направи резервоар. Се што е останато е неокласичната камбанерија на Црквата свети Никола.
Виларио дас Фурнас, Португалија
Две илјади годишната историја на градот се изгубила под водата во 1972. Ова древно село кое го основале Римјаните, тогаш имало околу 300 жители.
Кога водостојот се намали, се гледаат само сенишните „костури“ на неговите граѓани.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:












