16 Мај, 2024
0.0314

ФОТО: Семејство три години живее на брод во отворени води

Објавено во: Стил 23 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Иво и Мира ја напуштиле Бугарија пред 16 година и отпатувале во Канада во потрага по подобар живот.

5 2 4

Работеле напорно таму додека не ја откриле својата вистинска пасија- да пловат во отворени води, да бидат слободни и независни од правила, закони и влади, пренесува бугарска Нова тв.  Пред три години двајцата купуваат сопствен брод, му го даваат името фатаморгана, ја земаат ќерка Маја и се впуштаат во долга егзотична авантура.

„Прво се роди идејата, благодарение на еден пријател, кого го сретнавме во Канада. Потоа идејата порасна во сон и конечно - во решение. Минаа години во читање на книги и статии за морепловство, едрење и во собирање на пари и подготовки. Животот на брод ни дава слобода да се шетаме низ светот заедно со нашиот дом, да патуваме и да сме на одмор нон-стоп, а не само 1-2 недели во годината. Со радост го напуштивме  животот со сите негови даноци, трошоци, стрес, проблеми, рутина, народ, политика. Сега повторно имаме проблеми, но тие се од сосема друга природа“ - раскажуваат тие.

Примаат посетители за неколку дена, од што и заработуваат.

Во Канада смениле неколку професии, а сега уживаат во патување.

3