(ФОТО) Силни врнежи од дожд во Скопје
Објавено во: Македонија 19 Јуни, 2021
Силни врнежи од дожд ја зафатија Македонија.
Врне во Скопје и во Куманово, а според најавите обилни врнежи од дожд ќе има и во источните делови на Македонија.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 24 до 34 степени.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град.
Разведрување се очекува во вторник.