Добивај вести на Viber
Прилеп ќе добие модерен скејт парк за чија изградба е објавен и тендер. Локацијата на паркот треба да биде на тревнатиот простор пред салата Македонија. Ќе биде со површина од 1331м2 и ќе може да се користи за возење на скејтборд, ролери или BMX велосипеди.
Исто така просторот ќе може да се користи и за разни други културни случувања или спортски натпревари. Скејт паркот ќе се состои од повеќе делови како функционални целини. Бетонските површини ќе бидат околу 900м2 и функционално ќе бидат поделени на дел за почетници кој што ќе го сочинуваат рампи, скали, метални препреки и огради, помали надвишувања и аморфен базен со различна длабочина од 80см па се до 2м. Одделен од него ќе биди делот за искусни кој што ќе биде базен со аморфна форма и со длабочина од 2м која што максимално се зголемува до 3м.
Бетонските површини меѓусебно ќе бидат поврзани со тревната површина. Оваа идеја беше предложена на денот на идеи од група млади луѓе.