(ФОТО) Страотна глетка по земјотресот на Филипини
Објавено во: Свет 29 Април, 2017
Земјотрес од 6,8 степени по Рихтеровата скала ги погоди Филипините, при што се повредени 2 лица и оштетени се неколку објекти.
Илјадници луѓе излегоа на улиците, а при најновиот потрес оштетена е зградата на една болница, две владини згради, пристаништето и дојде до уривање на најмалку една зграда.
Филипинскиот Институт за вулканологија и сеизмологија информираше дека потресот се случил во петок навечер, на 53 километри од островот Минданао, на длабочина од 41 километар.
Американски сеизмолози предупредуваат на можно цунами во регионот на Минданао и во Индонезија. Се очекуваат бранови во радиус од 300 км.