06 Декември, 2025
0.0302

(ФОТО) Тераси со боемски стил – да или не?

Објавено во: Стил 12 Јуни, 2014 19:56

Добивај вести на Viber

„Боемски шик“ е симоним за удобност, креативност и јаки бои...

„Бохо шик“ дизајните се многу познати бидејќи нивниот сјај и шареноликост  совршено се вклопуваат со егзотичната убавина.

Во боемксиот стил нема ограничувања и правила, апсолутно е дозволено се, а јаките бои на се даваат посебен шарм. Покрај големите улоги во светотот на модата, „бохо шик“ ова лето нека се пресели и во вашите домови.

Тераси инспирирани од овој стил се единствени и модерни, а пред се пружаат удобност.

Изберете шарени материјали и марокански ламби, зелени билки и плетен мебел. Можете да направите концепт каков ви одговара не базирајќи се на боите и тоновите. Користете кристални украси, шарени теписи, меки перници со златен вез, бакарни садови, светилки, завеси со монистри, се е  дозволено, бидејќи секој простор е печат на сопственикот.

Искористете различни дезени на материјали, многу бои, интересни декорации и направете хармонична и топла атмосфера. Уживајте на сонце во меките перници и мароканскиот чај!

Погледнете ги предлозите на најубавите боемски тераси кои ќе ве инспирираат да го уредите вашиот омилен летен простор...

Подгответе се на време!

[gallery]  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: