08 Октомври, 2024
0.0237

УШТЕ СЕГА ИЗГЛЕДААТ МОЌНО

(ФОТО) ТИЕ СЕ ЗАКАНА ЗА ЧЕДОТО НА ЕРДОГАН: Аеродроми кои претендираат да станат најголеми во светот

Објавено во: Стил 02 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Пред неколку дена, во Истанбул беше отворен нов аеродром, кој, откако е целосно завршен, е, наводно, најголем во светот и придонесува за турската амбиција да стане нова точка на средба меѓу Истокот и Западот. Со отворањето на аеродромот ,,Истанбул”, Турција станува една од најважните транзитни локации во светот.

Се верува дека аеродромот до 2028 година ќе опслужува околу 200 милиони патници годишно, но има и други комплекси од овој тип низ целиот свет кои претендираат да бидат најголеми и најмодерни во светот во блиска иднина, со што би го надминале аеродромот во Истанбул. Ова светско ,,чудо’’ се простира на 76 илјади метри квадратни што е отприлика околи 11 илјади фудбалски терени.

Зад милијарди долари, сјај, свила и шамија Ердогановото "чедо" од аеродром крие свои темни страни. Изградбата на турскиот аеродром има и свои мрачни страни. Како што наведува германскиот весник „Шпигл“ голем дел од 35те илјади работици на аеродромот работат во катастрофални услови со лоша храна, сместување, најголем дел од нив доаѓаат од Бангладеш и Непал и работат за минимални плати. Се наведува исто така дека од почетокот на израдбата загинале речиси 400 вработени, а се зборува дека точната бројка е многу повисока, додека семејствата на загинатите се замолчуваат со сума од 90 илјади евра. Аеродромот можеби е светско чудо, но тој ќе предизвика непроценлива еколошка штета, за самата изградба уништени се околу две милиони стебла, недопрена шума во околината на Истанбул, а со тоа и голем дел од населението ги загубиле имотите, кои иако им биле компензирани, немале избор освен да ги дадат.

Со својата големина ердогановото чудо веќе има свои ривали. Тоа се:

1.Меѓународниот аеродром Ал Мактум, Дубаи


Првенствено е наменет за товарен воздушен превоз, додека помалиот дел е резервиран за патнички сообраќај.

Исто така познат како ,,Светски центар на Дубаи", во иднина ќе има пет кули, три терминали и ќе биде ,,дом" на огромната флота на супер-авиони во сопственост на Емиратите. Предноста е во тоа што патниците ќе поминуваат помало растојание меѓу терминалите, а брзата железничка врска ќе го поврзе аеродромот со центарот на Дубаи.

2.Аеродром ,,Сингапур Чанги"


Тој важи за еден од најпосакуваните аеродроми во светот и за голема раскрсница на меѓународните авиокомпании. Во моментов ревносно се работи на отворањето на ,,Скапоцен камен" и ,,Терминал 5".

,,Скапоцен камен" е импресивен застаклен мултифункционален дел на аеродромот кој ги поврзува постојните терминали и ќе вклучува трговски центри, ресторани и забавни објекти кои може да ги користат патниците и посетителите. Таму ќе биде најголемиот водопад под покрив во светот, а отворањето е планирано за 2019 година.

Терминалот 5 ќе биде отворен во средината на 2020 година и ќе има капацитет од 50 милиони патници годишно.

3.Пекинг Меѓународниот аеродром ,,Дасинг"


Аеродромот, кој ќе биде отворен во 2019 година, ќе може да се пофали со еден од најголемите терминали во светот, но патниците ќе патуваат помалку од еден до друг терминал за разлика од другите аеродроми со приближна големина. Наскоро ќе биде седиште на авиокомпаниите China Eastern Airline и China Southern Airlines, кои сé уште се наоѓаат во главниот град Пекинг во Пекинг.

,,Дасинг" е поврзан со градот со супер брзинска железница и со нова мрежа на патишта за сообраќај на моторни возила, а ќе има седум писти и капацитет од 100 милиони патници годишно.

4.Нов меѓународен аеродром во Мексико Сити


Норман Фостер, кој дизајнираше серија аеродроми низ светот, го осмислил изгледот на новиот аеродром во Мексико Сити, кој требаше да го замени веќе преполниот аеродром, кој е во употреба и денес, а чија изградба започна во 2015 година.

Новоизбраниот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор најави референдум овој месец со цел да се донесе одлука за тоа дали да се продолжи со изградбата, бидејќи трошоците се закануваат да стават крај на проектот. Само еден процент од Мексиканците гласаа против тоа.

Обрадор изјави дека одлуката е ,,демократска, рационална и ефикасна", но критичарите велат дека одлуката најавува економска катастрофа и дека тоа ќе биде порака до инвеститорите дека Лопез Обрадор е непријателски настроен кон приватниот сектор. По оваа одлука, постојниот аеродром ќе биде реновиран и модернизиран.

5.Меѓународен аеродром Лонг Та (Хо Ши Мин Сити)


Одамна постои потреба од нов аеродром во Хо Ши Мин, поранешен Сајгон. Изграден за време на Виетнамската војна, се наоѓа во центарот на градот, а веќе има пет милиони патници годишно повеќе од очекуваното.

Поради зголемениот број посетители и проширувањето на Виетнам Ерлајнс на националните авиокомпании, владата воведе нов аеродромски проект, кој ќе се вика Меѓународниот аеродром Лонг Тан. Ќе биде 40 километри источно од градот, а ќе има капацитет од 100 милиони патници годишно. Се очекува да биде отворена во 2025 година.

Можеби ќе ве интересира

ПРОСЛАВА ВО ДОМОТ НА ПОРАНЕШНИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕКОНОМИЈА - честитки од сите страни

ПРОСЛАВА ВО ДОМОТ НА ПОРАНЕШНИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕКОНОМИЈА - честитки од сите страни