29 Април, 2024
0.0635

(ФОТО) Топ ски дестинации во Србија

Објавено во: Стил 26 Ноември, 2014

Добивај вести на Viber

Покрај своите многубројни природни убавини Србија може да понуди и незаборавно скиачко искуство на неколку локации. Планините на Србија се познати по снежните зими, па се погодни места за сите љубители на ски спортовите.

Во Србија може да се издвојат четири топ скиалишта а тоа се: Брезовица, Торник, Стара планина и Копаоник.

Брезовица

Ски центарот Брезовица е познат туристички центар и се наоѓа на северозападната страна на планината Шара. Се наоѓа на надморска височина од 900 па до 2500 метри. Шумски пејзажи, огромни пасишта и ливади, разни билки и животни се само некои од причините, зошто луѓето го посетуваат овој ски центар. На Брезовица доминира Алпска клима што значи дека годината минува со 280 снежни денови, така да ако одлучите да заминете во овој ски центар немојте да се плашите бидејќи сигурно ќе има снег.

Имено, ски центарот е опремен со 5 ски-лифотви, 5 жичари и 3 машини за подготовка на патека. Капацитетот опфаќа 10.000 скијачи на час. Површината на уредениот центар изнесува 230 хектари, а најдолгата патека изнесува 3500 метри. Ски патеките се сертификувани и имаат ФИС сертификати, што ги прави погодни за одржување на разни ски натпревари.

Брезовица располага со 9 патеки (една црна, четири црвени, четири плави)

Златибор (Торник)

Ски центарот Торник се наоѓа на надморска висина од 1110 до 1490 метри, 9 км од туристичкиот центар Златибор. Вкупниот капацитет на скиjалиштето е околу 5400 скиjачи  на час. Она што ги издвојува Торник и Златибор од останатите планиниски ски центри се безбројните, пространи висорамнини кои изгледаат како да се секогаш избањати од сонцето. Благодарение на карактеристичната клима, големиот број сончеви денови и односот помеѓу природната убавина (бор, ела, смрека, речни потоци, чист воздух) и преубавиот ски терен и урбани населби, Златибор стана познат туристички и ски центар кој сите со задоволство го посетуваат.

Четирите патеки со кои Торник располага, се покриени со систем за вештачко оснежување, така да овој ски центар повеќе не зависи од временските услови. Ски центарот исто така е опремен со детско игралиште и  рингишпил.

Стара Планина (Бабин заб)

Стара планина е најголемата планина во источна Србија. Високо планинскиот масив се простира како природна граница кон Бугарија, фасцинантна убавина и недопрена природа. Како една од најубавите планини претставува огромен потенцијал за развој на туризмот. Се наоѓа на надморска висина од 1100 па до 19000 метри и речиси пет месеци годишно е под снег.

Стар планина ја краси ски центарот Бабин заб. Тој ја поседува жичарата „Коњарник“ со движечка патека за качување на скијачи, со капацитет од 1400 скијачи на час и ски лифт „сидро“ „Сончева долина“ со капацитет од 1200 скијачи на час, како и детска ски градинка со подвижна патека . Бабин заб располага со околу 13 км скијачка патека, од тазлични тежини. За љубителите на екстремните спортови, обезбедена е патека за слободно возење. Исто така и овој ски центар е опремен со уреди за оснежување на патека, така да не зависи од количината на снежните врнежи.

Копаоник

Секако, мора да го споменеме Копаоник, како најголем, најпознат и најлуксузен ски центар во Србија. Поради своите природни вредности во 1981 година Копаоник е прогласен за национален парк. Тој опфаќа површина од 11.810 хектари и по бројот на ендемичните видови претставува еден од најзначајните центри на биодиверзитетот на ендемичната флора во Србија. Највисокиот врв на Копаоник, Паничичев врв изнесува 2017 метри.

Со одлично подготвени ски патеки ски центарот Копаоник нуди неизмерно уживање за сите категории на скијачи, од почетник до врвен професионалец. Ски центарот се простира на површина од околу 62 км патека и ски патчиња уредени за алпско и нордиско скијање. Достапно е и ноќно скијање како и детско и почетничко. Со Системот за оснежување е покриено 97 посто од скијалиштеото и благодарение на нив ски сезоната трае подолго.

Сите стази се многу добро поврзани со систем на жичарата и ски лифтови, капацитет од преку 32.000 скијачи на час. Овој систем ја сочинуваат жичарата за шест места, капацитет од 3000 скијачи на час, 4 жичари со голема брзина, три фиксни жичари за четири места со движечка патека  за качување на скијачи, три двоседни жичари, два влечни ски лифта „сидро“ со капацитет од 2400 скијачи на час и осум ски лифтови „тањир“ со капацитет од 6500 скијачи на час како и три поврзани лифта.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти