18 Јануари, 2025
0.0602

(ФОТО) УНИБанка прослави 20 години постоење

Објавено во: Мои пари 30 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

На 27-ми септември 2013 година, УНИБанка АД Скопје го прослави јубилејот 20 години постоење и 10 години успешна работа под брендот УНИБанка на македонскиот пазар, со коктел забава во центарот на Скопје. Менаџментот на банката оваа година го одбележa јубилејот во присуство на своите вработени и претставници на средствата за јавно информирање. За тоа како се развиваше УНИБанка во изминативе 10 години, од трансформацијата на сопственичката структура до денес говорат, податоците дека пред десет години банката имаше актива од 25 милиони евра, а пазарното учество изнесуваше 1,5%. Имаше депозити од 8 милиони евра и загуба од 4,3 милиони евра. Денес, десет години подоцна, УНИБанка има учество на пазарот од 3,1% и нето – добивка од 1,5 милиони евра. Активата изнесува 176 милиони евра, a депозитната база достигна 144 милиони евра. Растот на Банката се одрази и преку зголемувањето на бројот на вработени во изминативе 10 години. Денес УНИБанка има 391 вработен, 34 експозитури во сите градови низ Македонија, со поставени 117 АТМ уреди и 3.258 ПОС терминали. УНИБанка беше една од првите банки која воведе картички со чип во Македонија. До денес има издадено на 128 илјади картички и во делот на картичното учество има пазарно учество од 9,6% од пазарот. Како Банка која постои за клиентите, нивниот број, заклучно со јуни 2013 достигна 227 илјади клиенти. За досегашните успешни резултати од работењето, УНИБанка доби номинација за најдобра компанија од Европското бизнис – собрание од Оксфорд, а претседателот на УО на Банката, г – нот Коста Митровски за најдобар менаџер за 2013 година.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ