06 Декември, 2025
0.0337

(ФОТО) За 90-от роденден Џорџ Буш скокна од падобран

Објавено во: Стил 13 Јуни, 2014 12:41

Добивај вести на Viber

Поранешниот претседател на САД Џорџ Буш, го одбележи неговиот 90 роденден со скок од падобран.

По овој повод портпарол, Џим Мек Грет соопшти: „Тој сака адреналин, сака возбудувања“.

Буш го поминува неговиот роденден во летната куќа во Кенебанкпорт, долж брегот на реката Мејна. На својот Твитер профил објави дека е убав ден за скокање од падобран.

Поранешниот американски претседател скокна во „тандем“ со истиот човек со кој скокаше неколку пати. Овој начин на прославување на роденден за Буш стана традиција, бидејќи скокаше со падобран на неговиот 75, 80, и 85 роденден.

Џорџ Буш стариот е роден во 1924 година.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: