(ФОТОГАЛЕРИЈА) Битиќи преговараше на свадбарска маса пред Влада
Објавено во: Македонија 24 Февруари, 2021
Фото: Вангел Тануровски
Угостителите, предводени од сопствениците на рестораните за свадби, денеска го преселија протестот пред Владата. На булеварот беа поставени маси, столици и декорации за свадби. На една од масите со организаторите на протестите седеше вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
Тие се незадоволни од рестриктивните мерки кои го лимитираат нивното работење, како и финансиската помош која во моментов им се нуди, бидејќи како што велат, таа е недоволна за основно функционирање. Велат дека ќе останат таму се додека не се усвојат нивните барања, за кои Владата до сега немаше слух.
Целта на овој протест е да се донесат протоколи за работа на рестораните за организирани настани. Да се вратат во функција сите комплементарни дејности (музичари, фоторафи, ателјеа за венчаници, студиа за декорации, слаткарници, цвеќари, шминкери, креатори). Забраната трае, а ние се уште чекаме протокол за работа веќе една година. Протестот ќе биде мирен со почитување на сите здравствени протоколи, бараат од таму.
Битиќи денеска на прес-конференцијата рече дека оваа дејност е опфатена во сите мерки и дека е подготвен да седне да разговара повторно, но дека нема храброст да побара од Комисијата за заразни болести да попушти во рестрикциите.
Претходните три работни дена протестите се одржуваа на крстосницата во Автокоманда, а за денеска организаторите решија да ја сменат локацијата. Протестот ќе трае од 15 до 17 часот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.