ФОТОГАЛЕРИЈА: Светна Скопје!
Објавено во: Македонија 23 Август, 2020
Во Скопје во изминатите денови се одржа третото издание на Mеѓународниот фестивал на светлосната уметност, Skopje Light Art District. Фестивалот понуди многубројни светлосни инсталации кои ги оживеаја објектите во центарот на градот. Овој фестивал се одржува во организација на Универзална сала и град Скопје, со поддршка на Делегацијата на Европската Унија и Францускиот институт во Скопје.
Фестивалот годинава испраќа пораки за заштита на животната средина - преку одговорни одлуки и начин на живот да се заштити природата и нејзините богатства. Годинава мотото на фестивалот е „Градот зелен пак ќе никне“.
Погледнете ги фотграфиите
Фото Вангел Тануровски