(ФОТОГАЛЕРИЈА) Верниците-муслимани денеска дисциплинирано на молитва
Објавено во: Македонија 12 Мај, 2020
Фото: Вангел Тануровски
Верниците-муслимани денеска ја одржаа својата прва молитва по одлуката на Ријасетот на Исламската верска заедница од денеска да ги отвори џамиите.
Посетителите на околните џамии непосредно до Бит Пазар дисциплинирано ги следеа мерките и препораките што ги пропиша ИВЗ пред отворањето.
Дезинфекција се вршеше на влезовите од верскиот објект, а верниците се придржуваа на мерката за пропишана физичка оддалеченост.
Државните власти засега со резервираност гледаат на одлуката на ИВЗ и порачуваат колку што е можно помалку да се посетуваат храмовите.