(ФОТО+ВИДЕО) Напад во Лондон, луѓе облеани во крв лежат на мостот Вестминстер
Објавено во: Свет 22 Март, 2017
Напаѓач со нож е застрелан пред британскиот парламент.
Тој со автомобил тргнал кон портата и ги нападнал полицајците. Очевидци раскажуваат дека автомобилот удрил голем број пешаци пред да удри во портите на парламентот. Полицијата ова го смета за терористички инцидент.
Напаѓачот бил застрелан од вооружени полицајци.
На фотографиите на Ројтерс се гледаат луѓе како лежат во крв на мостот Вестминстер.
Премиерката Тереза Меј е безбедна, информираше владата. Портпаролот одбил да каже каде била Меј кога се случил нападот.
Гардијан објави дека неколку минути по нападот таа била пренесена во автомобил 40-тина метри од портите пред парламентот, каде се испукани куршумите.
Весникот пишува дека таа била придружена од најмалку 8 вооружени полицајци во цивилна облека.