ФОТО+ВИДЕО: НЕОБИЧНО: По скоро четири децении падна снег во Сахара
Објавено во: Свет 21 Декември, 2016
По долги години падна снег во Сахара.
Жителите во градот Аин Сефра вчера биле потполно збунети и воодушевени од снегот.
Последен пат снег паднал во Алжир во 1979 година.
Фотографиите од песочните дини напрашени со снег ги забележал и фотографот-аматер, Карим Бучетата.
Тој го забележал магичниот момент кога снегот ги прекрил дините од црвен песок во една од најголемите пустини на светот.