ФРАНЦИЈА И БРИТАНИЈА СЕ СОВЛАДАНИ: Oваа земја е четврта светска економија
Објавено во: Економија 02 Јануари, 2018
Годинава Индија ќе биде четврта најголема економија во светот.
Оваа земја ќе ги претекне Велика Британија и Франција. Се очекува до 2032 година Индија да стигне на третото место, веднаш по САД и Кина. Со вакви тврдења излезе британскиот Центар за економски и деловни истражувања.
Индија наскоро ќе стане најнаселената земја во светот.
Економскиот раст на Индија е малку забавен на 5,7%, но ќе се зголеми повторно на повеќе од 6% до крајот на оваа година, што и понатаму е многу силен раст, особено ако се спореди со напредокот на другите развиени земји.
Поевтините енергенти и дигиталната револуција ќе бидат двигател на економскиот раст во светот, се вели во извештајот, а ќе доминираат азиските економии, пред сè Индија, Кина и Јапонија.
Се очекува дека во 2030 година кинеската економија ќе ги собори САД од врвот на листата.