ФРАНЦИЈА СЕ ЈАВИ СО РЕАКЦИЈА: Американските царини се економска катастрофа за Европа

Објавено во: Економија 03 Април, 2025 18:19
Царините кои ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп се главна тема во Европа.
Францускиот премиер Франсоа Бајру денеска објасни дека царинските мерки што ги воведе Трамп претставуваат економска катастрофа за светот и ќе создадат сериозни тешкотии за Европа.
„Ова не е само проблем за Европа – овие царини ќе бидат катастрофални и за самите САД и за американските граѓани, нагласи Бајру во изјава за медиумите“, пренесуваат БФМТВ и „Ле Фигаро“.
Францускиот премиер остро ја критикуваше американската политика, обвинувајќи ја администрацијата во Вашингтон дека им врти грб на своите сојузници.
„Се наоѓаме во сериозен период, во кој Европа и целиот Запад треба да размислат како да се справат со овие предизвици“, предупреди Бајру.
Макрон остро ги критикуваше најновите царини на Трамп за Европската унија. Трамп најави царина од 20 отсто за европските производи, кои Макрон ги опиша како „брутални и неосновани“.
Тој посочи дека американските потрошувачи ќе станат посиромашни и послаби поради овие мерки, додека азиските земји би можеле да го зголемат извозот во Европа. Макрон повика на заеднички одговор од европските земји за успешно укинување на американските царини, нагласувајќи дека европскиот одговор ќе биде „организиран“, „обединет“ и „посилен од порано“.
И претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изрази длабоко жалење за американските царини, предупредувајќи на сериозни последици за глобалната економија. Таа најави дека ЕУ подготвува контрамерки кои би можеле да вклучат царини за американски производи во вредност до 26 милијарди евра.
foto printskrin Fox News
Можеби ќе ве интересира
Маркетите ги подготвуваат ценовниците за објавување, ќе бараме попусти на нивните интернет страници

НЕ СТИВНУВА ПОТРАГАТА ПО НОВИ РАКОВОДИТЕЛИ – има ли кандидати кои сакаат да управуваат со инспекторатот за труд или на центрите за образование

МРАЧНИ ФАБРИКИ ГО ЗАПОСЕДНУВААТ СВЕТОТ: Се заканува ли работничка „апокалипса“?

ЕУ МУ ПОДГОТВНИ ОДГОВОР НА ТРАМП: Фон дер Лајен: Предложивме нула царински стапки

ТРИ ЛИЦА ЈА „БРКААТ“ РАБОТАТА ВО АГЕНЦИЈАТА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ – имаат солидни плати, но и вишоци во касата

Директорот на ТИРЗ: Царините на Трамп индиректно ќе ги погодат слободните индустриски зони

Колку заработи бизнисменот Ајри Шеј од новокупената топлана во Скопје?

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА БРАНКО АЗЕСКИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „СПРЕЧУВАЊЕ НА ОДЛИВОТ НА МОЗОЦИ ОД НАШАТА ЗЕМЈА И ПОДДРШКА НА ИЗВОЗОТ СЕ ДВАТА ПРОЕКТА НА КОИ ЌЕ РАБОТИ КОМОРАТА ВО НАРЕДНИОТ ПЕРИОД“
