Француски лидер: Имиграцијатa e културна закана за Европа
Објавено во: Свет 27 Август, 2018
Лидерот на француската десница, Лоран Вокие изјави дека масовната имиграција е „културна закана за европската цивилизација" и додаде дека Французите одбиваат да „станат странци во сопствената земја", пренесе Франс прес.
„Како може да не се разбере дека сме на крајот на нашиот капацитет за интегрирање и дека оваа масовна имиграција денес е културна закана за европската цивилизација?"- Вокие.
Тој разговараше со околу 1.500 партиски претставници.
„Французите одбиваат да бидат странци во нивната земја и мора да се осигураме дека нешто останува од цивилизацијата"- инсистира тој.
Неговите зборови предизвикаа аплауз.
Тој вели дека бродови со мигранти не смеат да влезат во Франција.