17 Јануари, 2025
0.1576

Фризерката – измамничка на суд, сопругот за коцка и ги трошел парите од становите

Објавено во: Мои пари 19 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Скопската фризерка Благица Дончевска денеска повторно излезе на рочиште пред Основниот суд Скопје 1. Ако на распитот пред неколку дена се правдаше дека е невина, а самата била измамена од нејзин роднина, денеска таа се жалеше на сопругот кој на коцка ги трошел парите од становите. На денешното рочиште фризерката сведочеше дека сопругот парите ги трошел на коцка и луксузен живот, а дел од нив им биле за вракање стар долг од 100 илјади евра. Таа призна дека парите за непостоечките станови кои ги зема од измамените граѓани биле ставани на сметката на нејзиниот татко. Сепак фризерката се стави во одбрана на таткото, инаку обвинет за соучесник, за кого што кажа дека не знаел ништо за високите суми на сметката. Сепак немала полномоштво, па сите пари ги вадела во негово присуство, а се правдала со тоа што има фризерски салон во кој одлично заработува. На сметката од таткото полицијата пронајде 800 илјади евра. Дончевска исто така повтори дека оштетените кои ја пријавиле, сами ја ширеле мрежата, нудејќи ги евтините станови на своите пријатели. За возврат, одговори таа,  земале добра провизија. Фризерката беше уапсена минатиот месец бидејќи измамила 42 лица. Им продавала евтини социјални станови за 400 евра од квадрат и ги уверувала дека наскоро ќе бидат изградени. Откако виделе дека се измамени, оштетените ја пријавија во полиција, по што фризерката и нејзиниот татко беа уапсени.

Можеби ќе ве интересира

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

Оваа компанија е магнет за вработени: Може да работите од дома, добивате бонус за вработување – се бара само еден услов!

Оваа компанија е магнет за вработени: Може да работите од дома, добивате бонус за вработување – се бара само еден услов!

Автомобилски кредит - Како да го изберете најдоброто решение

Автомобилски кредит - Како да го изберете најдоброто решение