17 Мај, 2024
0.0400

ФРОДЕМ: Бараме одговор за бруталното претепување на таксистите

Објавено во: Свет 06 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

ФРОДЕМ најостро реагира за, како што велат, денешната прекумерната употреба на сила од страна на припадниците на МВР кон членовите на лиценцираните автотакси и автобуски превоз од Гевгелија.

„Бараме од Министерот за внатрешни работи да одговори на јавноста зошто најбрутално се претепани претставниците на овие здруженија кои едноставно бараат доследно почитување на договореното помеѓу нив, ЦУК (Центар за управување со кризи) и МЖ (Македонски железници) од пред неколку дена. Како е можно договорот да се почитува претходните неколку дена, а истиот од денес да не важи. Не смее и не може основа за ваквата неконтролирана употреба на сила да биде изговорот дека е спречен меѓународниот железнички сообраќај од причина што истиот овие денови воопшто не бил доведен во прашање. И затоа зачудува ова брутално претепување и изживување врз сопствените граѓани како и непочитувањето на уставно загарантираното право на протест“, велат од ФРОДЕМ.

Инаку, ова следува по денешните ескалации на протестите на гевгелиските таксисти, кои револтирани поради непочитување на договорот кој го постигнаа завчера со Центарот за управување со кризи, демонстративно ја блокираа пругата кај Гевгелија.

Според информациите од терен, еден таксист е повреден од туркањето во гужвата, а еден бил тепан од специјалните полициски сили, при што интервенирала и брзата помош.

По повеќедневните протести ценарот за управување со кризи донесе времена одлука транспортот на мигрантите да го вршат таксистите и автобуските превозници преку ден, а навечер да го пренесуваат со воЗ на македонски железници.

Вчера оваа пракса се почитувала, но утринава бегалците повторно се носат со возов.

Можеби ќе ве интересира

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра