25 Јуни, 2024
0.2354

ФТ Коментар на економскиот дел од Извештајот на Европската Комисија за напредокот на Република Македонија

Објавено во: Економија 09 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Finance Think, го публикуваше ФТ Коментар на економскиот дел од Извештајот на Европската Комисија за напредокот на Република Македонија. 

Finance Think оценува дека Извештајот од Европската Комисија за напредокот на Република Македонија за 2016 година дава реалистична слика за состојбата со македонската економија. Истиот ги презентира силните страни на економијата, како и краткорочните и долгорочните слабости. Извештајот дава позитивна оценка за макроекономската стабилност, стабилноста на финансискиот систем, поставеноста на монетарната политика и слично. 

„Извештајот го потврдува алармирањето на домашната експертска заедница дека е неопходна итна и неодложна фискална консолидација, со оглед дека јавниот долг се искачи на ниво од 50.6% од БДП, а првично-проектираниот буџетски дефицит беше често пробиван. Извештајот не укажува дека е потребна елиминација на буџетските дефицити, туку само нивно намалување, и искористување на какви било вишок фискални средства за создавање фискален простор којшто ќе ја штити економијата од ненадејни шокови. Во таа насока, Извештајот не поддржува понатамошно зголемување на пензиите и другите тековни трошења. Finance Think во неколку наврати апелираше за неопходноста од фискална консолидација (види ФТ Став 11 и 13), но и за преложената фискална консолидација во Фискалната стратегија 2017-2019 (види ФТ Коментар 11). Потребна е промена на фискалното планирање, особено во смисла на намената на трошењата, и особено намената на позајмените средства. Во таа смисла, Finance Think оценува дека извештајот недоволно критично укажува дека е потребна приоритизација на капиталните инвестиции, со цел да се постигне најголем поврат за вложениот јавен денар. Во истата насока, Извештајот го нотира под- извршувањето на капиталните расходи во буџетот, што беше нагласено и во последниот Макроекономски монитор на Finance Think. Извештајот дава силна препорака за значајно подобрување на фискалната транспарентност, особено во делот на имплементирање и придржување до среднорочните фискални планови (Фискалната стратегија), како и нивна детализација. Особен акцент е ставен на нетранспарентноста околу доспеаните, а неисплатени обврски на државата, кои може да бидат извор на значаен ризик со оглед дека нивниот износ не е познат“ - наведуваат од Finance Think. 

Finance Think, уште еднаш, апелира овој износ да биде ставен на увид на јавноста, најмалку на квартално ниво, со цел да се следи напредокот во „чистењето“ на овие заостанати обврски.  Оваа публикација е произведена со поддршка од Open Society Think Tank Fund (TTF). TTF може да не се согласува или да не ги одобрува мислењата изразени во оваа публикација. Во останатиот дел, Извештајот се фокусира на средно- до долгорочните слабости на економијата, како што е извршувањето на законите, институционалните слабости, јазовите на пазарот на труд и потребите од обрзовни реформи, како и потребата од промена на структурата на економијата. Додека овие прашања се генерално многу важни, Finance Think смета дека во тековниот предизборен контекст тие се од второстепена важност.

Finance Think смета дека извештајот ја заострува реториката во делот на краткорочните слабости, кои, очекувано, се однесуваат на јавните финансии.


Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КОЛКУ СЕ ДЕБЕЛИ ЕВРОПСКИТЕ ПАРИЧНИЦИ: Која е нивната лична потрошувачка по лице, а колкав е нивниот БДП?

ЕВЕ КОЛКУ СЕ ДЕБЕЛИ ЕВРОПСКИТЕ ПАРИЧНИЦИ: Која е нивната лична потрошувачка по лице, а колкав е нивниот БДП?

СЕ ГРАДИ ЖЕЛЕЗНИЧКИ И ПАТЕН „ЅВЕР“ ВО ЕВРОПА: Од Данска до Германија за 7 минути низ подводен тунел

СЕ ГРАДИ ЖЕЛЕЗНИЧКИ И ПАТЕН „ЅВЕР“ ВО ЕВРОПА: Од Данска до Германија за 7 минути низ подводен тунел

ЗА ВУЛИН БРИКС Е НАДЕЖТА: Можно ли е Србија да се приклучи?

ЗА ВУЛИН БРИКС Е НАДЕЖТА: Можно ли е Србија да се приклучи?

ЗА ЕКСПЕРТИТЕ ОВА Е ЧЕКОР НАЗАД: Грците ќе работат по 6 дена во неделата

ЗА ЕКСПЕРТИТЕ ОВА Е ЧЕКОР НАЗАД: Грците ќе работат по 6 дена во неделата

ПОКАЧУВАЊЕТО НА ПЕНЗИИТЕ Е И ДЕФИНИТИВНО: Мицкоски најави, ќе се работи на ново законско решение за линеарно зголемување на пензиите

ПОКАЧУВАЊЕТО НА ПЕНЗИИТЕ Е И ДЕФИНИТИВНО: Мицкоски најави, ќе се работи на ново законско решение за линеарно зголемување на пензиите

НЕВРЕМЕТО НАПРАВИ ПУСТОШ: Уништено целото земјоделско производство во Сиричино

НЕВРЕМЕТО НАПРАВИ ПУСТОШ: Уништено целото земјоделско производство во Сиричино

УШТЕ ЕДНО ПОСКАПУВАЊЕ НА ГОРИВАТА: Еве колку ќе плаќаат сега возачите за бензин и дизел

УШТЕ ЕДНО ПОСКАПУВАЊЕ НА ГОРИВАТА: Еве колку ќе плаќаат сега возачите за бензин и дизел

Ветерниот парк на „Алказар Капитал“ е првата инвестиција што ќе ја објави Мицкоски

Ветерниот парк на „Алказар Капитал“ е првата инвестиција што ќе ја објави Мицкоски

Новата министерка за финансии започна со работа

Новата министерка за финансии започна со работа