ВАЖНО ЗА СИТЕ КОИ ПЛАНИРААТ ДА ПАТУВААТ ЗА ГРЦИЈА: застој на обиколницата кај Солун кој ќе трае подолг период
Објавено во: Балкан 23 Јуни, 2024 08:52
Сите кои планираат да патуваат за Грција, особено они кои имаат резервации на некоја локација на краците и треба да патуваат по обиколницата на Солун треба да се „набилдаат“ со трпение.
Наши сограѓани објавуваат на социјалните мрежи дека на обиколницата се изведуваат градежни работи, поради што се вози на помалку ленти по делови од автопатот,. Тоа е причина за подолги колони и поспоро движење по обиколницата, и секако за колони и редици на чекање.
- Обиколницата на Солун моментално е хаос и ќе биде така цело лето. Сабајлево ми требаше 1 час за да ја поминам. На средината се гради и по една/две ленти се затворени од двете страни. Ако можете, одете преку центарот на Солун, бидејќи колоната е огромна - пишува наш сограѓанин во групата „На одмор во Грција...“.
Неговата објава предизвика бројни коментари, меѓу кои имаше сограѓани кои нудат други опции за да се избегнт гужвите, но и такви кои посочуваат дека и покрај градењето и успорувањето на обиколницата, движењето низ центарот на Солун е уште поспора опција.
Бројни коментари доби постот за кратко време, деталите овде.
Фото: Принтскрин/Фејсбук
Можеби ќе ве интересира
А ШТО ВЕЛИ СТОИЛКОВИЌ ЗА ПРОТЕСТИТЕ ВО СРБИЈА? Потребна им е дестабилизација, за полесно да се справат со Р.Српска и да ги протераат нашите браќа од Косово!

„НЕ Е ПРАШАЊЕ ДАЛИ ВУЧИЌ ЌЕ ПАДНЕ, ТУКУ КОГА И НА КОЈ НАЧИН“: Ризикот од немири е голем, оценка на професор од Белград

ПЛЕНКОВИЌ Е ВО БОЛНИЦА ПОРАДИ ОПЕРАЦИЈА НА СРЦЕТО: Имал абнормални отчукувања на виталниот орган

СТИГНА ИТЕН АПЕЛ ОД „СТУДЕНТИТЕ ВО БЛОКАДА“ ПРЕД НАЈМАСОВНИОТ ПРОТЕСТ: „Не ја доведувајте во прашање нашата борба со непромислени потези“

ОЧИТЕ НА СВЕТОТ ВПЕРЕНИ ВО БЕЛГРАД, СТУДЕНТИТЕ ОД ЦЕЛА СРБИЈА СЕ ТАМУ: Денеска е најмасовниот протест од кој стравува Вучиќ

ВУЧИЌ: Не ни паѓа на памет да воведеме вонредна состојба

(ВИДЕО) НАЈДЕНИ СЕ МОЛОТОВИ КОКТЕЛИ И ОРУЖЈЕ: Во Србија полицијата уапси луѓе кои планирале државен удар

(ВИДЕО) ЗУРЛИ И ТАПАНИ: Пуштен е во употреба големиот тунел кој ќе овозможи од Дебар до Тирана да се стигне за еден час

РОДЕНИ СЕ ВО СТРАНСТВО: Јавниот обвинител од Брчко откри детали за децата најдени во куќа во градот
