ЗА ВУЛИН БРИКС Е НАДЕЖТА: Можно ли е Србија да се приклучи?
Објавено во: Економија 24 Јуни, 2024 20:44
Според потпретседателот на владата на Србија Александар Вулин, БРИКС е надежта.
Вели дека ова е шанса за сојуз со сите земји кои не бараат ништо од нив, а можат да им понудат и повеќе од што бараат. Во текст објавен на Политика тврди дека ЕУ има алтернатива.
Како што наведе, „за членство во БРИКС не е потребно да се усвојат закони кои се напишани надвор од границите на нашата земја, не мора да му се предаде власта на невладиниот сектор, не сте должни на вашата амбасада да го истакнете знамето на Украина или да ги озаконите истополовите бракови“.
„За членство во БРИКС не е потребно да се воведат санкции на кого било ниту да се препушти на други водењето на надворешната политика на вашата земја“, порача Вулин.
Тој е задолжен за унапредување на соработката со земјите од БРИКС: Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република. Инаку, има земји кои сакаат да бидат дел од БРИКС.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




