05 Мај, 2024
0.0253

(ГАЛЕРИЈА) АСПЕН – Топ ски дестинација

Објавено во: Стил 09 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Зимата полека ни доаѓа, а доколку сте љубител на ски спортовите, тогаш имаме препорака за вас .

lux-life-skijaliste-destinacija-aspen (0)

Познатиот ски-ресорт се подготвува за претстојната зимска сезона, а преубавите карпести палнини во Колорадо чекаат да ги освоите. Ако и понатаму не знаете за кој ски - рестор ви говориме, ќе ви помогнеме, во прашање е Аспен. Аспен се наоѓа во Американската држава Колорадо и е познат по собирањето на многу познати личности кои доаѓаат токму на тоа место да ги поминат своите зимски денови.

lux-life-skijaliste-destinacija-aspen (1)

Аспен е ексклузивно и лукусзно место и спаѓа во една од најскапиѕе ски дестинации на цел свет.

lux-life-skijaliste-destinacija-aspen (2)

Скијалиштето на Аспен е вистински рај за љубителите на зимските спортови. Прилагодено е за сите типови скијачи и бордери, така што не е важно дали сте искусен скијач или почетник, на Аспен ќе ја најдете скијачката патека која ви одговара и на неа ќе може да ги усовршите своите вештини. Ски школи се достапни за почетници и децам како и благи и кратки патеки, додека за љубителите на екстремниот спорт постојат неверојатно брзи и стрмни патеки, кои само вистинските професионалци може да ги покорат.

lux-life-skijaliste-destinacija-aspen (3)

Најдолгата патека на Аспен е долга 5 километри, а скијалиштето располага со уште 8 паркови, 336 патеки од разлина тежина и 43 лифтови кои ќе ве однесат до посакуваната патека.

??????????????????

Во подножјето на скијалиштето се наоѓа град, и тоа баш, вистински град. Грандиозни, скапоцени хотели од 5 ѕвезди, ресторани, продавници од светски познати марки, се само некои од работите кои овој ски-ресорт може да ви ги понуди. Американската најпопуларна ски дестинација станува популарна и во Европа, така да Аспен се наоѓа на самиот врв на светски скијалшта.

lux-life-skijaliste-destinacija-aspen (5)

Доколку уште не сте одлучиле каде ќе идете на зимување, размислете за зимската идила на Аспен, еден од оние бајковити места кои мора да ги посетите барем еднаш во животот. Кој знае, може да ви се случи заедно да скијате со Џорџ Клуни или Меган Фокс.

lux-life-skijaliste-destinacija-aspen (7)

lux-life-skijaliste-destinacija-aspen (9)