16 Мај, 2024
0.0330

(ГАЛЕРИЈА) ЈУГОСЛОВЕНСКИ ОЛД ТАЈМЕРИ : Како изгледаат денес луксузните автомобили на Тито

Објавено во: Стил 31 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Српската сообраќајна воена полиција денес внимателно се грижи и ги одржува луксузните автомобили од времето на Јосип Броз Тито.

 Во касарната „Дедиње“ во совршена состојба се наоѓаат гламурозните возила на Маршалот: Пет Мерцедеси "600 Pullman" и еден Ролс Ројс "Phantom 5". mercedes-rols-rojs-tito-tocka-2015-02 Исклучиво старешините се грижат за автомобилите во кои се возел Маршалот, политичката елита на поранешна Југославија, како и европската и светската политичка елита од тоа време.

mercedes-rols-rojs-tito-tocka-2015-03

mercedes-rols-rojs-tito-tocka-2015-05

mercedes-rols-rojs-tito-tocka-2015-04

Петте Мерцедеси се произведени во 1965, 1967, 1971, 1976 и 1978-ма година, и целосно се одржувале во касарната „Дедиње“. Автомобилите ги имаат своите оригинални бои, а никој, никогаш не ги допрел, а да не бил висок воен старешина. Дури кога автомобилите биле купени, заедно со нив биле нарачани и потрошни материјали кои ги менувале исклучиво југословенски инженери.

mercedes-rols-rojs-tito-tocka-2015-10