16 Мај, 2024
0.0304

(ГАЛЕРИЈА) Најдобрите места кои треба да ги посетите во јануари

Објавено во: Стил 03 Јануари, 2016

Добивај вести на Viber

Ја дочекавте Нова Година, за неколку дена и Божиќ па несомнено заслужувате одмор. Еве десет одлични места кои може да ги посетите во јануари:

Картагета, Колумбија

kejptaun

Овој рибарски град со импресивна колонијална архитектура, прекрасните плажи и крајбрежни кафулиња кои служат свежо фатена риба, се јавува како главна атракциска сила за туристите во Јужна Америка.

Кејптаун, Јужна Африка

2(1763)

Малку е студено, нели? А знаете ли дека во јануари е лето во Кејптаун? Резервирајте го бегството од зимата и искористете некоја од неверојатните плажи и ѕвездена дегустација на вина во регионот Franschhoek.

Јамајка

3(1647)

Сезоната на урагани во Јамајка завршува во октомври, што го прави овој лесно достапен карипски остров идеален за топол зимски одмор. Кристално чисти плажи, тропска клима и величествени водопади - што повеќе може да посакате?

Патагонија, Чиле

4(1486)

Сигурно времето во Патагонија нема да е соодветно за плажа, но пак ќе уживате во планини покриени со снег и речиси 17 часа дневна светлина поради близината на областа до Јужниот Пол. Јануари е совршено време за запознавање на глечерите во Торес Дел Пејн или за следење на китови крај полуостровот Валдес.

Филипини

5(1266)

Од мај до октомври овие острови во Југоисточна Азија можат да бидат неподносливо топли со непредвидливи тајфуни. Јануари сепак го бележи екот на сувата сезона.

Започнете го своето патување од Манила со возбудлива мешавина од филипински, шпански, кинески и американски култури. Потоа упатете се на југ до реонот Бикол, за да уживате на водопади, вулкански кратери и топли извори.