18 Мај, 2024
0.0305

(ГАЛЕРИЈА) Наликува на егзотичен хотел – ентериерот на ова вила на Јамајка!

Објавено во: Стил 12 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Сместена во ексклузивниот „Tryall“ клуб, близу Монтего заливот на Јамајка, SeaSalt е преубава вила со површина од околу 1000 м2 ...

jamajka-egzotika (2)

Во нејзиниот склоп се наоѓа преубав животен простор и покриен балкон, направени за уживање во убаво време, кое овде го има во изобилие. Ја дизајнирала Ненси Мафесанти, со класична архитектура на ум, а сместена е на 5.4 хектари градина која е украсена со локално дрво и бујни билки. Собршено осмислена за релаксација и забава, а моментално е на продажба по цена од 3.950.000 милиони долари. Нејзиниот простран дел од дневната соба ви нуди преубав поглед на Карипското море. Главната веранда (балкон) се отвара кон инфинити базенот кој има фантастично осветлување. Со самото тоа, совршениот поглед е загарантиран во текот на вечерните чаови.

jamajka-egzotika (3)

Вилата има шест спални соби, при што четири имаат кинг-сајз кревети, приватни балкони, туш на отворено и во затворен простор. Два апартмани имаат и свои кади, како и додатни спални соби со два кревети, приватен балкон и во целост опремено купатило. Исто така, тука е и една соба која е наменета за дадилка и опремена со специфични детали во тој стил. Главниот апартман на моменталниот сопственик е сместен на вториот кат и е декориран во стил на луксузен ресорт со поглед на Кариби. Во близина на централниот дел на овој дом се наоѓа главна трпезарија, која на сите четири страни се отвара ком идиличната градина. Во близина на трпезаријата се наоѓа и целосно опремена кујна. Близу до неа се наоѓа собата за персоналот, кој има своја приватна кујна, три спални соби, дневна соба и купатило.

jamajka-egzotika (4)

Од посебните елементи на оваа вила посебно би го истакнале италијански травертин во ходниците и купатилата, подвите од магнолија, лавабоа од италијански мермер, ТВ сетови во секое купатило со високо квалитетни звучници, како и сателитско радио и WiFi во просторот на целата вила.

jamajka-egzotika (5)

jamajka-egzotika (6) jamajka-egzotika (7) jamajka-egzotika (8) jamajka-egzotika (9) jamajka-egzotika (10) jamajka-egzotika (12) jamajka-egzotika (13) jamajka-egzotika (14) jamajka-egzotika (17) jamajka-egzotika (18)