07 Декември, 2025
0.0693

(ГАЛЕРИЈА) Направете сами снежни украсни теглички!

Објавено во: Стил 11 Декември, 2014 18:09

Добивај вести на Viber

Ако празниците не ви се целосни без снег, не мора нестрпливо да гледате низ прозор во исчекување на снегулките, туку можете да направите убави снежни украи кои вашите празници ќе ги направат магични.

Оваа магична идеја во тегла не однесе во празнично снежна вечер, исполнета со мирисни колачи и драги лица.

Се што ви е потребно да ги направите украсни овие теглички се:

-Теглички (големина по ваша желба)

-Металик боја за стакло

-Шаблон на снегулки, елки ...

-Бел течен лепак

-Свеќи

-Украсна врвца

-Сол

Тегличките добро измијте ги и исушете ги, па на нив со помош на шаблон и металик боја за стакло нацртајте ги омилените зимси мотиви, снегулки, звезди, елка ...

teglice2

Кога се исуши бојата на теглите, целата тегла премачкајте ја со бел течен лепак и целосно обложете ги со сол.

teglice3

Оставете да се исуши.

Кога се исуши лепакот, тегличката украсете ја така што околу грлото ќе и врзете машна од украсна лента или врвца.

teglice4

Внатре во тегличката ставете мала миризлива свеќа по ваша желба и декорот е подготвен за покажување.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: