07 Декември, 2025
0.0408

(ГАЛЕРИЈА) ПРЕФИНЕТ ЛУКСУЗ: Новата вила на Роџер Федерер!

Објавено во: Стил 15 Декември, 2014 20:36

Добивај вести на Viber

Тенискиот ас Роџер Федерер наскоро ќе се пресели во својата нова луксузна вила во Швајцарија, која е сместена на бреговите на езерото во Цирих ...

roger-federer__99

Неговата нова вила чини преку осум милиони евра, а тој со семејството ќе се пресели во неа кон крајот на оваа година. Исто така, во оваа вила би требало да му се придружат и неговите родители, кои ќе живеат во одделен стан кој е дел од оваа вила. Градбата која е нов дом на овој врвен спортист го носи името „The Residence“ - резиденција, а има прозорци од под до плафон, голем базен и балкони со величенствен поглед кој се нуди кон езерото на Цирих. Федерер од својот роден Базел се пресели во Волеро во март 2008 година, година дена пред да се ожени.

roger-federer__2

Инаку, вилата е сместена на околу 20 минути од Цирих и час време од Базел, а Волеро е познат како една општина со најниска стапка на данок во Европа. Со самото тоа, нивната либерална даночна структура привлекува голем број мултимилионери. Возачот на Формула 1 Кими Раиконен и Филипе Маса, како и многу други се одлучиле да живеат токму во овој крај.

Федереровата нова вила со стаклени ѕидови е сместена на имот од околу 1,5 хектари и има подземен паркинг. Вилата има површина од 500 м2, па славниот тенисер ќе може да ужива со семејството во вистински луксуз.

Roger Federer is moving into new villa, for which he has allocated 10 Million dollars

Инаку, Федерер е познат по тоа што сака да носи голем број со себе кога учествува на тениски турнири, па на Вимблдон годинава ги понесе двата пара свои близнаци - и девојчињата и момчињата, иако момчињата били стари само неколку недели. На прес конференцијата при една прилика изјавил дека му е напорно да ги носи близнаците со себе, но дека секако е труд кој е испаќа.

Roger Federer is moving into new villa, for which he has allocated 10 Million dollars

„Мојата жена има полни раце рабора и работи колку што може. Јас се трудам да и помогнам колку сум во можност. Кога сме на пат, со нас секогаш се бабите и дедовците, како и членовите на мојот тим. Секако потребна ни е помош од други лица кога сме на пат, како Мирка би можела да отспие барем малку или да посети некој мој натпревар. Најпотребно е да бидете добро организирани, и ние сега знаеме како најдобро да функционираме. Се радувам на животот и на патувањата со семејството, а ќе има доволно време без патување кога ја завршам тениската кариера“, рекол Федерер.

roger-federer__6

На местото на кое ќе никне ова вила може да се видат забрзани работи и вредни мајстори, бидејќи се трудат оваа престижна, современа градба со величенствен гламур да биде готова оваа година. Инаку, за проектот на изградбата е ангажирана компанијата „ Kamata Development“.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: