Добивај вести на Viber
Индексот на среќа на жителите во земјите ширум светот е интересен показател како луѓето „дишаат“, но често и поприлично изненадување бидејќи поредокот на „најсреќни“ не е онаков каков што можеби очекувавме.
Магазинот „МувХаб“ изработи детална карта која ги опфатила сите земји во светот и која прикажува колку жителите на поедини земји се среќни, односно несреќни.
Скалата според која се мерела среќата во опсег од 20 до 65, прои што 20 означува најмалку, а 65 највисоко ниво на среќа. Во боите, тоа изгледа вака: темноцрвена претставува најнизок индекс на среќа, а свелозелената највисок, додека нијансите помеѓу ја означуваат скалата помеѓу тие две крајности.
„Најзелен“ дел од светот е Јужна Америка, а интересно е дека земјите за кои ќе очекуваме висок индекс на среќа всушност се некаде на средината по средината или пред крајот на графиконите. Така, на пример Велика Британија е на 41 место, а САД на 105.
Најсреќна земја е Костарика, чиј индекс на среќа е дури 64,4, следат Виетнам, Колумбија, Белизо и Ел Салвадор. Јамајка е на шесто место, Панама на седмо, а Никарагва и Венецуела на осмо и девето, додека на последно место помеѓу првите десет е Гватемала чиј индекс на среќа е 56,9.
Хрватска е, како Словенија, но и Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија, некаде по средината, со индексот на среќа од 4 до 45.
За споредба, индексот на среќа во Швајцарија изнесува 50,3, во Германија 47,2, Канада 43,6, а во Австралија 42,0.
Бразил е „дури“ на 21 место, а на 130 се, со индекст 31,8 наоѓаат Обединетите Арапски Емирати.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: