18 Мај, 2024
0.0345

Гастарбајтерите се враќаат за празници - ќе живне ли локалната економија?

Објавено во: Економија 20 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Во многу краеви во Македонија гастарбајтерите ќе се вратат за претстојните празници, со што ќе има раздвижување на локалната економија.

Таков е случајот со градовите од Источна Македонија, од каде многу граѓани се иселени, но за Нова година и Божиќ ќе се вратат во своите родни огништа.

„Сега ќе има работа, до Василица. Ќе има потрошувачка по дуќани и ресторани. Иселениците кои се во Германија, Швајцарија, Италија ќе се вратат дома. Преку годината ние немаме многу работа, а сега градот ќе заживее“, велат од ресторан во Берово.

Слично е и во соседното Делчево, каде жителите одат на печалба за да обезбедат егзистенција.

„Месец дена ќе има народ во градов. Луѓето се враќаат од Германија, Италија, Швајцарија, Бугарија. Очекуваме да има повеќе работа, и така е впрочем секоја година“, додаваат од угостителски објект во Делчево.

Но, Истокот не е изолиран случај, а слично е и во западниот дел од државата.

„Секако дека во Тетово пред Нова година си доаѓаат луѓето кои се во Швајцарија, Германија, трошат повеќе пари, тоа се забележува и ние ги очекуваме. Има зголемена потрошувачка, за 20% во однос на остатокот од годината, но претходно имало и години кога за 50% имало поголема потрошувачка. Причина е тоа што сега и во странство за празници има големи попусти, но и фактот дека многу од оние кои се иселени, со годините не се враќаат како порано“, велат од продавница за чевли во Тетово.

Се разбира дека пристигнување на македонските граѓани кои работат во странство има позитивни импликации врз потрошувачката, вели проф. Д-р Маријан Стевановски.

„Доколку ги споредиме цените на производите во нашата држава и платите на граѓаните кои работат во странство како заработувачка, ќе дојдеме до констатација дека производите на нашиот пазар се со релативно пониски цени од тие кои се на странските пазари. Тоа предизвикува поголема потрошувачка, но и поголем прилив на парични средства кои како финансиска вредност директно се рефлектираат врз работењето на компаниите на микро ниво, глобалната потрошувачка на макро ниво како и трансферот на паричните средства преку паричните трансакции. Нееднаквоста на подрачјата на потрошувачката можеби е еден проблем. Зошто? Затоа што концентрацијата на истата е поголема во поголемите градови каде постои тенденција на изразена потрошувачка и потреба, објективна или субјективна  на населението за купување на соодветни производи или користење на услуги. Постојат подрачја во нашата држава каде што потрошувачката е на ниско ниво поради слабите финансиски приливи на населението или миграција на истото. Сепак пристигнувањето на нашите граѓани од странство особено пред празниците е опфатено со превезот на потрошувачката психологија на: поголемо трошење на паричните средства и купување на оние производи кои во нормални услови би биле со релативно мал коефициент на побарувачка“, вели тој.

Додава дека тоа е позитивно како за компаниите кои ги продаваат и дистрибуираат производите, така и за државата затоа што преку финансиските активности се зголемува приливот на јавните приходи преку даноците кои се вкалкулирани во продажната цена на производите.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра